Борел се надева дека ќе ја посети Кина по летото

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, чие патување во Кина беше двапати одложено, денеска изрази надеж дека ќе ја посети таа земја „по летото“.

Loading...

Првата посета, планирана за средината на април, беше одложена бидејќи Борел беше заразен со коронавирусот, а втората, закажана за јули, кинеските власти ја откажаа во последен момент.

„Се надевам дека мојата посета на Кина, која двапати беше откажана, ќе се случи наскоро по летото“, рече Борел на почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фронтекс: Во 2024 година имаше најмалку нерегуларни влезови во ЕУ од 2021 година

На состанокот ќе се разговара за стратегијата претставена од Европската комисија во јуни, ризиците за економската безбедност на ЕУ, со фокус на Кина.

ЕУ сака да има своја економска ориентација во однос на Пекинг, без да се усогласи со Вашингтон.

„Економската безбедност не е само технолошко прашање. Ќе испитаме кои технологии можат да не доведат до ситуација на зависност, бидејќи тоа може да влијае на нашата надворешна политика“, подвлече Борељ.