Борел: Руската блокада на извозот на жито е воено злосторство

Сподели со своите пријатели

Руската блокада на извозот на неколку милиони тони украинско жито е воено злосторство, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пренесува Ројтерс.

„Ја повикуваме Русија да ги деблокира (украинските) пристаништа… Незамисливо е милиони тони пченица да останат блокирани во Украина, додека во остатокот од светот луѓето ќе страдаат од глад“, рече Борељ.

Тој го истакна ова за време на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија во Луксембург.

„Ова е вистинско воено злосторство, па не можам да замислам дека ова ќе трае долго“, додаде Борељ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД даваат безбедносни гаранции за Украина: „Можноста за прекин на огнот е замислива“