Борел: Русија сака да ја изолира Украина од морето

Сподели со своите пријатели

Засега руската влада нема интерес да преговара за прекин на огнот во Украина бидејќи нејзината армија не ги постигнала своите воени цели, изјави денеска високиот претставник на Европската унија Џозеф Борел.

– Русија во моментов не сака да преговара за ништо, тоа што сака е да ја окупира земјата. Тој сака да го опколи брегот до границата со Молдавија и да ја изолира Украина од морето. Тој сака сериозно да преговара само кога ќе обезбеди позиција на сила – изјави Борељ во интервју за шпанскиот канал ТВЕ.

 

Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови

 

Ројтерс пренесува и дека Борел рекол дека Европската унија и нејзините сојузници ќе продолжат да испорачуваат воена помош на украинската армија.

– Ова е важно бидејќи се ќе биде решено во следните 15 дена. Она што ќе остане во историјата е способноста на Украинците да се спротивстават – рече Борел.