Борел: Русија ќе мора да ја продава нафтата по пониска цена

Сподели со своите пријатели

Договорот на Европската унија за ембаргото за увоз на најголемиот дел од руската нафта ќе ја принуди Москва да продава нафта на други по пониска цена, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Јосеп Борељ.

Loading...

Тој објасни дека целта на воведувањето забрана за увоз на руска нафта е „Русија да има помалку финансиски средства за да ја „храни“ својата воена машинерија.

 

Од утре во Германија бројни промени и нови правила. Еве ги најважните!

 

„Ние сме најважниот клиент на Русија“, изјави Борел во Брисел пред почетокот на вториот ден од самитот на лидерите на ЕУ посветен на Украина, пренесе Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

ЕУ треба да стане воена сила

Конфликтот во Украина јасно стави до знаење дека меката моќ не е доволна, па затоа Европската унија треба да стане воена сила, изјави денеска шефот на ЕУ, Јосеп Борел, по пристигнувањето на вториот ден од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Loading...

 

Од утре „паѓаат“маските во Австрија, освен во Виена

 

„Она што го научивме од украинската војна е дека трговијата не е доволна, владеењето на правото не е доволно, не е доволно да се биде добра цивилна сила, ние мора да бидеме и воена сила“, посочи Борељ, пренесува ТАСС.