Дваесет и едногодишен кумановец бил физички нападнат во угостителски објект, поради што две лица се приведени.
– На 11.09.2026 година во 16:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги привеле Н.С. (30) од Куманово и Н.С. (32) од Куманово затоа што во угостителски објект на улицата „Ленинова“ физички го нападнале Д.В. ( 21) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски

