Приведен 62-годишен кумановец, возел со скоро два промила алкохол

Сподели со своите пријатели

Шеесет и двегодишен кумановец бил приведен откако полицијата констатирала дека возел под дејство на 1,90 промили алкохол во крвта.

– На 11.09.2026 година во 22:05 часот на магистрален пат А2 Крива Паланка Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Б. ( 62) од село Лопате, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај било сопрено патничко моторно возило „мерцедес“  со кумановски регистарски ознаки при што било утврдено дека го управува под дејство на алкохол односно му биле измерени 1,90 алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел со 2,14 промили алкохол

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски