МКК Куманово ја отвора новата оваа сезона со меч против МЗТ

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на МКК Куманово за прв противник од оваа сезона ќе го имаат актуелниот шампион, тимот на МЗТ Скопје Аеродром.

Кон крајот на минатата недела беше одржана ждрепка во просториите на Кошаркартската федерација на Македонија, а освен тоа беа дискутирани и насоките за тоа како ќе се спроведува првенството.

Првото коло се игра во првиот викенд од октомври, на 3ти и 4ти.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе биде домаќин на првата средба со Куманово, а освен овој, ждрепката даде и уште еден интересен меч а тоа е гостувањето на ТФТ кај Пелистер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Сончево и релативно топло

Новата сезона ќе брои десет екипи, меѓу кои Соколи од Штип за прв пат играат во Суперлигата, а меѓу елитата се враќа и тимот на Струмица.

ДВОЈКИ 1. КОЛО (3/4.ОКТОМВРИ)

Струмица – Работнички

Пелистер – ТФТ

Скопје – Кожув

МЗТ Скопје Аеродром – Куманово

Штип – Тиквеш

Никола Ивановски