Борел: Отсега нема да зборувам за мировниот процес, сакам решение со две држави

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави денеска, пред почетокот на состанокот на ЕУ посветен на мировниот план за Газа, дека отсега нема да зборува за мировниот процес, туку дека сака решение со две држави.

Loading...

– Отсега нема да зборувам за мировниот процес, туку сакам процес на решение со две држави – изјави Борел пред новинарите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, а пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој посочи и дека хуманитарната ситуација во Појасот Газа, кој во моментов е под опсада на Израел поради конфликтот со Хамас, не може да биде полоша.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија го осудува „нападот без преседан“ врз Либан и повикува на темелна истрага

На денешниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската унија во Брисел, Борел ќе претстави план од 10 точки за мир меѓу Израел и Палестинците.

Во писмото до земјите-членки, Борел напиша дека неговата мапа на патот „ќе го елаборира, со практични предлози, договорениот принцип дека само политичко, одржливо, долгорочно решение на израелско-палестинскиот конфликт ќе донесе мир меѓу двата народи и стабилност во регионот“, претходно објави Тајмс оф Израел.