Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел изјави дека очекува претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, да бидат отворени и флексибилни и да постигнат заеднички став на денешниот средба во Брисел како дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Loading...
„Утрово свикав средба на високо ниво во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Неодамнешните тензии на северот на Косово уште еднаш покажаа дека е време да се оди напред кон целосна нормализација. Очекувам двајцата лидери да бидат отворени и флексибилни да постигнеме заеднички став“, напиша Борељ на Твитер.
Дијалогот меѓу Белград и Приштина продолжи денеска во Брисел на највисоко ниво.