Борел: Хезболах е држава во држава

Сподели со своите пријатели

„Израел со нападот врз Либан постигнува тактички победи, но стратешки порази“, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, нагласувајќи дека Европската унија мора да помогне во зајакнувањето на либанската армија бидејќи таа не може да биде противтежа на Хезболах во нејзината сегашна состојба.

Loading...

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи на пленарната седница во Стразбур предупреди дека ситуацијата во Либан секој ден се влошува и дека во моментов 20 отсто од населението е раселено.

Околу 150 илјади луѓе преминаа во Сирија, а околу две илјади цивили веќе загинаа, изјави Шпанецот.

„Либан со децении страда од институционална слабост“

Тој ја истакна важноста од постигнување прекин на огнот преку дипломатски средства, на кои ЕУ во моментов соработува со САД, Франција и други земји, како и постигнување политичка стабилност во Либан.

Борел рече дека Либан со децении страда од „институционална слабост“ и дека мора сам да го реши овој проблем.

Таа земја од Блискиот Исток, во политичка и економска криза дури и пред нападот на Израел, не успеа да избере претседател во рамките на нејзиниот комплициран политички систем од 2022 година.

Според Либанскиот национален пакт, договорен во 1943 година, во пресрет на прогласувањето независност од Франција, функцијата претседател им припаѓа на Маронитите, премиерот на сунитите, а претседателот на парламентот на шиитите и други функциите во владата се поделени и според верскиот клуч.

„Хезболах претставува држава во држава“

Борел денеска изјави дека Хезболах, милитантно движење чии членови се дел од либанската влада, претставува „држава во држава“ и дека поддршката за либанската армија е затоа клучна за таа да ја преземе контролата врз земјата.

Loading...

Денес, таа не може да се спротивстави на Хезболах или да го заштити територијалниот интегритет на земјата.

Тој нагласи дека Европската унија се обврзала на финансиска помош за либанската армија, но дека „мора да направи повеќе“.

„Израел мора да се запраша дали неговата безбедност се зголемува или се работи за тактички победи и стратешки порази“.

Зборувајќи за израелскиот напад врз Либан, Борел рече дека Израел мора да се запраша дали таквите одлуки навистина ја зголемуваат неговата безбедност или се работи за „тактички победи и стратешки порази“.

Шефот на европската дипломатија, исто така, рече дека Израел сега не ги напаѓа само шиитските области, оние во кои се наоѓа инфраструктурата на Хезболах, туку и центарот на градот.