Борел: Блискиот исток на работ на војна од непознати размери

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, рече дека ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток го доведува регионот на работ на војна од непознати размери.

Loading...

Борел преку социјалната мрежа Х пвика да се преземат мерки за „спречување на катастрофа“.

„Постои консензус за патот напред: итен прекин на огнот во Газа. Сите оние кои стојат на патот на деескалација ќе одговараат“, напиша тој.

Најмалку пет американски војници се повредени во напад врз воена база во Ирак во понеделникот, соопштија американските власти.

Блискиот исток се подготвува за можен нов напад на Иран и неговите сојузници врз Израел, поради убиствата на претставници на Хамас и Хезболах.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над половина милион барања за азил во ЕУ во првата половина на 2024 година.