Поради активностите на воздухопловните сили со долг дострел на Руската Федерација, кои извршија напади на територијата на Украина, полските и воздухопловните сили на НАТО дејствуваа во воздушниот простор на Полска утрово, објави оперативната команда на полскиот Генералштаб на мрежата X.
Според објава на мрежата X, во согласност со тековните процедури, оперативниот командант на полските вооружени сили ги активираше сите расположиви сили и ресурси што му беа на располагање.
Дежурни ловци се кренати во воздух, а системите за воздушна одбрана и радарско извидување на теренот достигнаа највисоко ниво на подготвеност, се прецизира во соопштението на полската армија.
По прекинот на нападите со долг дострел на руската армија врз Украина, престана и дејството на полските и сојузничките воздухопловни сили во воздушниот простор на Полска, а сите системи беа вратени на стандардна оперативна активност, се заклучува во соопштението на оперативната команда на полскиот Генералштаб.
Утрово, на 20 септември, руските трупи започнаа комбиниран напад врз територијата на Украина користејќи крстосувачки ракети и беспилотни летала, а низ целата земја беше прогласена воздушна тревога, пренесува Танјуг.