Борба на Трамп за опстанок на доларот: Ѝ се закани на БРИКС да не создава нови валути

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повтори својата закана за земјите од БРИКС, уште еднаш го повика блокот да се откаже од какви било планови за создавање нова валута или „да се соочи со царини од 100 отсто“.

Loading...

Во својата објава на социјалната мрежа „Truth Social“, која беше идентична со онаа во ноември, Трамп уште еднаш рече дека САД „ќе бараат обврска“ од земјите од БРИКС дека „нема да создадат нова валута БРИКС, ниту поддржи која било друга валута за да го замени моќниот американски долар или ќе се соочи со царини од 100 проценти и дека (во тој случај) треба да очекуваат да се збогуваат со продажбата на прекрасната американска економија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите лути поради американската „Железна купола“, тврдат дека Трамп сака да ја милитаризира вселената

„Нема шанси БРИКС да го замени американскиот долар во меѓународната трговија или на кое било друго место, а секоја земја што ќе се обиде да го стори тоа треба да ги поздрави царините и да се збогува со Америка“, повтори тој.

Да потсетиме, по ноемвриската закана на Трамп, индискиот министер за надворешни работи Субрахмањам Џаишанкар рече дека земјите од БРИКС воопшто немаат интерес да го ослабат американскиот долар.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека американскиот долар почнува да ја губи својата привлечност.

„Доларот почнува да ја губи својата привлечност како резервна валута за голем број земји. Ова е процес на ерозија на атрактивноста на доларот, тој е во тек и зема замав“, нагласи Песков на брифинг со новинарите, коментирајќи ја изјавата на Доналд Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што значи за светот политиката на Трамп за „два рода“?