Бомбаш самоубиец се разнесе во близина на Големата џамија во Мека

Сподели со своите пријатели

Бомбаш самоубиец се разнесе во близина на Големата џамија во Мека, откакако полицијата го осуети неговиот напад на најсветото место на исламот пред крајот на муслиманскиот месец на пост Рамазан, соопштуваат саудиските безбедносни служби.

Министерството за внатрешни работи отворило рација ширум Џеда, како и во две области во Мека, вклучувајќи ги населбите Аџиад ел Масафи кај Големата џамија, каде во една трокатна куќа дошло до вооружена пресметка, по што бомбашот-самоубиеџ се разнел, а градбата се срушила.

Во експлозијата ранети се шест странци и петмина припадници на безбедносните сили, соопштуваат од саудиското Министерство за внатрешни работи.

Како е наведен, пел лица се приведени, меѓу кои и една жена.

Министерството додава дека во прашање е терористичка мрежа, без да наведе никакви детали.

Големата џамија претходно беѓе мета на напад на екстремистите, делумно поради тоа што претставува симбол на владејачкото семејство Ел Сауд.

 

Loading...