Бомбардери го опколија авионот на Трамп над Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Ер Форс Уан“, авионот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој денес ја започнува својата прва државна турнеја од почетокот на неговиот втор мандат, беше пречекан со вистински дочек.

Loading...

Најмалку пет борбени авиони го следат леталото на американскиот претседател, пренесува „Скај њуз“.

Ден Скавино, заменик-шеф на кабинетот на Трамп, го објави видеото на социјалната мрежа X.

– Добро утро од Ер Форс Уан, Саудиска Арабија! Ви благодарам за вашата поддршка и што го имате грбот на претседателот Трамп – сите го цениме тоа. Се гледаме наскоро на земја, ВИ БЛАГОДАРАМ!!! – напиша тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп слета во Ријад: Инвестициите, оружјето, ВИ и нуклеарната енергија се во фокусот

Да потсетиме дека Трамп денес ја започнува својата прва државна турнеја, тој ќе посети три клучни партнери на САД на Блискиот Исток: Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, од каде што ќе се врати во Вашингтон на 16 мај.