Во Полициската станица Куманово, вработен во приватна фирма завчера пријавил дека на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово, при изведување градежни работи – вршење на ископ, пронашле стара неексплодирана рачна бомба.
Loading...
Бомбата потекнувала од Втората светска војна, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Куманово експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка, велат од МВР.