Утринава во 03.30 часот во Полициската станица Куманово, М.Ц. (26) од Куманово пријавил дека додека спиел слушнал детонација на терасата од првиот кат од сејмената куќа.
Притоа, било скршено прозорското стакло, а била оштетена ролетната и ѕидот. Повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
Како што информираат од полицијата, од местото биле подигнати фрагменти од бомба-кашикара за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.