Болсонаро одби да ја осуди руската инвазија на Украина

Сподели со своите пријатели

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро одби да ја осуди руската воена операција во Украина и, за разлика од ставот на неговата администрација, најави дека земјата ќе биде неутрална во ОН.

Болсонаро на прес-конференција рече дека Бразил ќе остане неутрален во спорот, истакнувајќи дека „Русија и Украина се практично братски држави“.

„Нема да избираме страни“

– Нема да бираме страни, ќе продолжиме да бидеме неутрални и ќе помагаме секогаш кога е можно. Повеќето Украинци зборуваат руски – нагласи Болсонаро.

Според него, тој е против какви било санкции кои би имале негативни последици за Бразил, а го посочи и руското ѓубриво кое е од клучно значење за земјоделскиот сектор на таа земја.

Болсонаро додаде дека украинскиот народ ги полага своите надежи во рацете на комичарот Владимир Зеленски.

Гласање во Советот за безбедност на ОН

Бразилскиот претседател неодамна ги игнорираше повиците од САД да не ја посетува Русија и го предизвика незадоволството на неговите западни сојузници бидејќи рече дека е солидарен со Москва.

На крајот на неделата, Бразил гласаше за нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН со која се осудува руската воена операција во Украина, и покрај негодувањето на Болсонар. Русија стави вето на оваа резолуција.