Бројот на напади врз болници, клиники и други здравствени установи во Украина рапидно се зголеми во последните денови и има недостиг од витални медицински материјали, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Агенцијата на ОН за јавно здравје соопшти дека најмалку девет лица се убиени во 16 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.
Морган Стенли: Русија би можела да банкротира веќе на 15 април
– Ќе продолжиме да ги ажурираме овие бројки. Тие се зголемија доста брзо во текот на изминатите неколку дена, рече Кетрин Смолвуд, висок претставник на СЗО за вонредна ситуација во Европа, на брифинг со новинарите.
Агенцијата на ОН е зафатена со работа за снабдување со медицински материјали во Украина, каде што залихите на кислород, инсулин, лична заштитна опрема и крвни продукти се намалуваат, рече директорот на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на брифинг.
Снабдувањето со кислород, детските вакцини и експертизата за ментално здравје се меѓу главните приоритети на СЗО за регионот, рече Клуге.
Зеленски: Западот ја дели одговорноста со Русија, капитулација не доаѓа предвид
Тој ја истакна и потребата од приоритетен третман на здравствената заштита на жените.
– Досегашните конфликти ни покажаа дека адолесцентите, жените со попреченост и старите лица се особено ранлива категорија. Тие се соочуваат со зголемен ризик од напади од луѓе надвор од нивните домови и вооружени групи, како и насилство од нивните интимни партнери и сексуална злоупотреба и експлоатација, рече Клуге, според Ројтерс.