Болките во рамената укажуваат на проблеми со срцето

Сподели со своите пријатели

Доколку имате проблеми со болки во рамената, посетете доктор – таквата болка би можела да укажува на срцеви заболувања, тврдат научниците.

“Ако страдате од болка во ротаторната манжетна на рамото, тоа би можело да биде знак на друга состојба, односно проблеми со срцето” – изјавил водечкиот автор на американското истражување во Јута, Kurt Hegmann.

Во истражувањето биле анализирани податоци на 1.266 работници. Анализите покажуваат дека поголемите фактори кои влијаат на болестите на срцето, како што се високиот крвен притисок и високото ниво на холестерол, влијаат на проблемите со рамената.

Loading...

Учесниците во ова истражување со најтешките ризични фактори имаат 4,6 пати поголеми шанси за болки во рамената отколку оние кои ги немале ваквите фактори.

Оние со средното ниво на ризични фактори имале помалку проблеми со рамената.

“Големиот физички напор може да ги влоши проблемите со рораторната манжетна, но тоа не е примарен проблем. Ризичните фактори на кардиоваскуларните болести се многу посериозни од факторот на работното место” – додава тој.

Контролирањето на високиот крвен притисок и другите ризични фактори можат да ја намалат болката во рамената.

tocka.com.mk