Доколку понекогаш ве заболи главата или некој друг дел од телото или во нив имате некое чудно чувство тоа не мора да биде ништо страшно. Но, постојат симптоми и болки кои не смеете никако да ги игнорирате.
Во овие ситуации мора веднаш да одите на лекар:
Изненадна и силна главоболка
Ако не патите од мигрена и ретко имате главоболка, наглата и неподнослива болка во главата би можела да биде последица на пукање на крвен сад во мозокот и затоа венднаш побарајте лекарска помош за да го отстраните сомнението за поопасен задравствен проблем.
Бол во градите кој се шири
Ако наглото чувство на болка се шири кон вашите раменици, левата рака или вилицата, тоа може да биде еден од знаците за срцев удар.
Константно боцкање во стопалата
Овие т.н. трнења во нозете со кои оди и чувство на вкочанетост спаѓаат во групата на тивките знаци на дијабетесот. Всушност се работи за оштетување на нервите настанато поради високот ниво на шеќер во крвта.
Болка во стомачната празнина која се шири во пределот на папокот
Потоа се шири кон долниот десен дел од стомачната празнина и симптом е на воспаление на слепото црево кое мора да се реши со хирушки зафат. Обично е пропратено со температура и повраќање, но дури ако тие симптоми ги немате и само чувствувате болка, веднаш консултирајте се со лекарот.
Грчевита болка во нозете
Доколку не сте се повредиле, но чувствувате силна болка во нозете, посебно во бутот или потколеницата пропратено со појава на црвенило, отекување и болни места топли при допир, постои можност да имате длабока венска тромбоза и да ви е оштетена венската циркулација. Немојте да го масирате или допирате болното подрачје и упатете се на лекар кој ќе ве испрати да направите потребни анализи. освен венска тромбоза, проширените вени се голем проблем кој ја мачи скоро секоја жена.