Меѓународен меморијален боксерски турнир „Mирослав Ппетровиќ“ ќе се одржи во Куманово на 17ти месецов на терените на Спортскиот комплекс „Соколана“.
Со почеток во 18:00 часот ќе се одржи Боксерското првенство на Македонија, а од 19:30 часот ќе започне официјалниот дел на турнирот.
Настанот е во организација на Боксерски клуб Куманово 84, Општински сојуз на спотови Куманово и Фондација за култура и спорт при Општина Куманово.
– Натрпварите се организираат во чест на тренерот кој е најзаслужен за освоените олимписки, европски и светски медали, за што и самиот е добитник на многубројни награди и признанија од кои една престижна награда од страна на Боксерскиот сојуз на македонија за „тренер на векот“, и во 2000 година од Европска боксерска федерација добива признание за „најдобар тренер“ , стои во соопштението на Општинскиот сојуз на спортови.
Турнирот е под покровителство на Градоначалник и Совет на Општина Куманово и Боксерска федерација на Македонија.
Никола Ивановски