Боксерот Мајк Тајсон ќе одгледува марихуана на имот од 16 хектари

Сподели со своите пријатели

Поранешниот првак во супертешка категорија Мајк Тајсон со своите апртнери во Калифорнија основа ранч за одгледување марихуана.

На неговиот ранч како што пренесува британскиот Мирор, ќе биде направен центар за истражување за да се унапреди знаењето за лековитите својства на оваа растение како и школо „Одгледувачницата на Тајсон“ во која фармерите ќе можат да стекнат основни знаења за правилно одгледување и употреба на канабисот.

Марихана во Калифорнија ќе може да купуваат лица постари од 21 година, а дел од нив ќе може да одгледуваат до шест растенија и со себе да носат три грама од оваа дрога.