Вработените во компанијата Амазон во Европа одржаа протест предизвикан со повеќегодишните лоши услови за работа во наведената компанија.
Се поголем број работници, гејмери и купувачи планираат во текот на следната недела да го бојкотираат Амазон поради лошиот однос кон работниците, особено оние на ниските работни позиции, кои во повеќе наврати ги киртикуваат тешките услови за работа во фирмата. За да го свртат вниманието на компанијата на оваа тема, организаторите на протестите се надеваат дека нивниот бојкот ќе направи „дупка“ во компанијата на Prime Day, т.е. еден од најисклучителните денови во поголемит екомпании кои служат за порачки на стока.
Како вовед во бојкотот, кој добива се поголема поддршка на социјалните мрежи, работниците на Амазон во Шпанија орагнизираа генерален штрајк, кој би требало да трае недела дена. Работниците во другите филијали на Амазон во Европа исто така се приклучија на бојкотот, вклучувајќи ги оние во Италија, Франција, Англија, Германија и Полска.
За време на протестите во Берлин, демонстрациите ги посетиле работниците на Амазон, членови на синдикати и левичарски активисти. Работниците од Полска и Шпанија им се приклучуваат во протестот, наведувајќи дека причината е експлоатацијата и лошите услови за работа.