Бојан Велевски вечерва го отвора „Art Attack“ фестивалот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Занаетчискиот дом во Куманово вечерва од 19 часот ќе се одржи првата фестивалска вечер од годинешното издание не фестивалот „Art Ataack“.

Програмата за вечерва предвидува стенд-ап настап на актерот Бојан Велевски, по што ќе следува прикажување на краткометражни филмови од колекцијата на филмскиот фестивал „ФИЛМАЈ“.

Утревечер ќе биде музичкиот дел од програмата. Со почеток од 21 часот утревечер ќе настапат „Cyrillic“ и ди-џеј Галоски.

Организатор на фестивалот е Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, а влезот за сите граѓани е бесплатен.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шахини негира дека неговата сопруга стои зад обидот за негово убиство (ВИДЕО)