Само една недела откако Филип Наковски донесе трето место во Куманово од Светскиот „WAKO“ кик-бокс турнир, членовите на ММА Клуб Куманово вчера се вратија дома со две златни и една сребрена медала од ММА турнирот „Вечер на витезите“ кој се одржа во Бујановац, Србија.
Бојан Илиќ кој се натпреваруваше во категоријата 93 килограми и Милош Велевски во категоријата 70 килограми тримфираа со златни медали на оваа натпреварување од меѓународен карактер, додека со сребрен медал се врати Давид Спасовски кој се натпреваруваше во категоријата 77 килограми.