Боинг ја прекина испораката на делови за руските авиокомпании

Сподели со своите пријатели

Американскиот производител на авиони „Боинг“ објави дека ја прекинува испораката на резервни делови и техничка поддршка за руските авиокомпании, бидејќи негативните последици од санкциите воведени кон Русија поради нападот врз Украина се префрлија и на светската авио индустрија.

Loading...

Ваквата одлука на „Боинг“ уследи бидејќи производителите на авиони и мотори, закупувачите и компаниите задолжени за одржување, поправки и ремонт, се соочуваат со потешкотии во бизнисот со руски клиенти поради низата забрани наметнати од ЕУ и САД, пишува Ројтерс.

Има и потенцијални потешкотии со плаќањето откако на некои руски банки им беше забранет пристапот до меѓународниот платен систем SWIFT.