Богатството на Илон Маск вчера надмина 500 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Нето вредноста на милијардерот Илон Маск, најбогатиот човек во светот, накратко надмина 500 милијарди долари, објави вчера списанието Форбс.

Нето вредноста на шефот на Тесла и СпејсИкс достигна 500,1 милијарда долари, пред да падне на 499,1 милијарда долари, според рангирањето на „Милијардери во реално време“ на Форбс.

На ранг-листата на Форбс следуваат ко-основачот на Оракл, Лари Елисон, со богатство од 350,7 милијарди долари и извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, со богатство од 245,8 милијарди долари.

Маск е во Тесла од 2004 година

По дипломирањето на Универзитетот во Пенсилванија и напуштањето на Стенфорд, Илон Маск продаде компанија за софтвер за онлајн издаваштво на производителот на компјутери Компак во 1999 година за повеќе од 300 милиони долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Парламентарни избори во Чешка

Неговата следна компанија на крајот се спои со PayPal.

Откако го напушти PayPal, јужноафриканскиот претприемач го основа СпејсИкс во 2002 година и се приклучи на Тесла во 2004 година.