Инфлуенсерот и неофицијален „Крал на Инстаграм“, покераш, плејбој и милионер Ден Билзеријан (41) со своите машки следбеници на оваа мрежа сподели неколку совети за заведување.
Посебно се обрати до помладата популација, над 18 години и откри некои „финти“ со кои ноќното излегување сигурно ќе заврши во манирот на Казанова, во кревет со нова девојка!
View this post on Instagram
Ден вели дека всушност е многу лесно да се „довлече“ девојка и да се убеди да дојде дома со вас.
Инаку, овој плејбој не крие дека води турбулентен сексуален живот, а според него има односи најмалку 14 пати неделно – што е во просек два пати дневно!
View this post on Instagram
Постојано се фали со својата сексуална моќ пред корисниците на социјалните мрежи и сите што слушаат, а постојано објавува слики од својот развратен живот.
За да го потврди својот авторитет на ова поле, Билзеријан решил со 18-годишниците да го сподели најдобриот начин за излегување со добра жена.
View this post on Instagram
Клучот е во тоа што колку и да е жешка жената, тие мора да ѝ пријдат самоуверено.
„Мислам дека главно се работи за само да отидеш до група девојки и да им пријдеш, а не да одиш како „Ох, мислам дека си толку убава, може ли да ти купам пијалак?“. Само одете до нив и разговарајте со нив, треба да се чувствувате удобно да стоите со жешка девојка и лежерно да разговарате. Звучи лесно, но кога бев помлад не беше лесно. Одам кај супер жешка девојка и потоа блокирам!
View this post on Instagram
Според овој милионер, се е до самодовербата.
„Само одете и разговарајте со нив, навикнете се на тоа, навикнете се на одбивањето.
Кога „кралот на Инстаграм“ конечно заминал на факултет, сите нервози и грижи исчезнале. За својот сексуален живот во тој период вели:
View this post on Instagram
„Кога одев на факултет, цело време имав девојки кои сакаа да излегуваат со мене“, вели тој, додавајќи:
„Кога ќе престанете да се грижите, почнувате да „правите“ многу подобро“.
View this post on Instagram