Богаташ нуди 500.000 долари само за одговор на едно прашање!

Сподели со своите пријатели

Покрај со недвижен имот, Роберт Бигелов се занимавал и со наука, за што уште од рана возраст покажувал интерес.

Loading...

Науката го привлекла како ученик во основно училиште кога ги забележал рефлексиите на тестирањето на нуклеарно оружје во пустината, на околу сто километри од Лас Вегас, каде што пораснал.

И тогаш, како што пишува Вечерњи лист, иако доста лош во математиката, сфатил дека повеќе го интересира летот во вселената.

 

 

Ќе направи кариера од која ќе се збогати, а потоа тие пари ќе ги вложи за патување во вселената. Така мислел – дека мора да има доволно пари за да собере врвни научници кои ќе му ја остварат желбата.

И навистина, Бигелов студирал банкарство, специјализиран за трговија со недвижнини, на што заработил многу пари. Изградил околу 15.000 деловни и станбени единици и купил други 8.000.

Loading...

Тој исто така покажа и колкава деловна мудрост има кога продал поголем дел пред финансиската криза во 2008 година. Таква цена по квадратен метар станбен или деловен простор веројатно никогаш нема да се постигне.

„Луѓето само ги фрлија своите пари. Имав среќа“, ја опишува ситуацијата 75-годишниот Бигелов денес.

 

 

После тоа, време било целосно да се развие потенцијалот на Бигелоу Аероспејс, компанија за вселенски летови што ја основал во 1999 година.

Тој исто така бил клучната личност која преку сенаторот Хари Рид ја убедил американската администрација да започне програма за препознавање закани од вселената во 2017 година, што всушност е потрага по НЛО.

Потоа доаѓа пандемијата.

Loading...

Веќе немал никаква основа за одржување на „Бигелов аероспејс“, кој успеал да достави еден модул до Меѓународната вселенска станица во осмиот лет на „Спејс Х“. Работата на компанијата била прекината и сите 88 работници биле отпуштени.

500.000 долари награда

Сепак, умот на деловниот и вселенскиот ветеран не мирува. Пред помалку од две недели беше објавено дека Бигелов понуди награда до половина милион долари на секој што ќе докаже дека има живот по смртта.

 

 

Наградата се нуди како доказ за опстанокот на свеста по конечната смрт на телото.

Кралот на недвижнини, чие богатство се проценува на околу милијарда долари, го основал Институтот за студии на свеста Бигелоу, односно истражување за тоа што се случува откако ќе умреме.

Loading...

Наградите за таквото знаење се движат од 150.000 до 500.000 долари.

Њујорк Тајмс, кој прв ја објави сторијата за тоа, не верува дека некој ќе најде нешто докажано, но Бигелов повторно успеа да предизвика интерес за интересно прашање за човечкото искуство – преминот кон „другиот свет“.

Leave a Reply