Со претставата „Бог на колежот“, вечерва од 20 часот на сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, ќе настапи Македонскиот народен театар во рамките на третата вечер од Меѓународниот театарски фестивал „Денови на Комедија.
Инспирирана од драмата „God of Carnage“ на Јасмина Реза, претставата е интелигентна комедија што преку духовит дијалог и суптилна критика ги отвора прашањата на современото живеење, лицемерието и скриените човечки емоции.
Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Благој Веселинов и Наталија Теодосиева.
Режисер на претставата е лауреатот на годинешното издание на фестивалот, актерката Весна Петрушевска.
Никола Ивановски