Бобан Стефановски се искачи на Казбек, врв висок 5.054 метри на масивот Кавказ

Сподели со своите пријатели

Кумановецот Бобан Стефановски, нашиот најпознат планинар и алпинист од Куманово, се искачи на врвот Казбек висок 5.054 метри на масивот Кавказ, на самата граница меѓу Русија и Грузија.

Loading...

Тоа беше причина плус да поразговараме со Стефановски кој досега има освоено многу височини низ светот.

 

 

КМ: Веќе можеме да кажеме дека е голема листата на високогорски врвови кои ги имате искачено. Какво искуство носите од ова искачување, за каков врв станува збор?

Стефановски: Да, можам да кажам дека листата се проширува од година во година и веќе имам доста успешни искачувања. Секоја експедиција си е посебна на свој начин, како што Казбек беше малку неочекувано и убаво искачување. Искуството е секако непроценливо, бидејќи за првпат го посетив масивот Кавказ, еден преубав и суров масив кој се протега помеѓу Црното Море на запад и Каспиското Езеро на исток. Самиот врв е на самата граница меѓу Русија и Грузија, што го прави уште повпечатлив и навидум недостапен за искачување.

 

Loading...

 

КМ: Зошто се одлучивте токму за Казбек?

Стефановски: Се одлучив за Казбек затоа што одамна сакам да го видам Кавказ, и сакав да искачам врв кој е поретко качуван од планинарите од нашите простори, односно врв кој не е толку експониран а сепак може слободно да се стави на листата на попредизвикувачки и понапорни врвови за качување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

 

 

КМ: Колку беше напорно со оглед на тоа дека се работи за навистина тешко искачување, се користат и јажиња при самата експедиција?

Loading...

Стефановски: Како што напоменав и во самиот видео прилог, Казбек беше неочекувано напорно искачување. Уште п при самото пристигнување во Грузија, ја проверивме временската прогноза и видовме дека е сменета на полошо, односно дента кога требаше да правиме аклиматизација до 4200м.н.в. најавуваа врнежи од снег со многу јак ветер. Имавме избор – или да се обидеме  да го качиме врвот уште вториот ден, или да се вратиме дома и да ја завршиме експедицијата порано, бидејќи лошото време беше во најава и следните денови. Се решивме да се обидеме да го качиме врвот вториот ден, и успеавме, сите осуммина стапнавме на врвот. Што се однесува до јажињата – да, користевме јажиња за ова искачување, затоа што за врв како Казбек задолжително е користење на техничка опрема – јажиња, дерези, цепин, кацига, појас, карабињери и сл. Самиот терен е комбинација од камења, сипар, глечер, заледени и издадени делови, снежни стрмнини со 45% стрмност. На таков терен и на висина над 5000м. на која што е Казбек, задолжително е да се користи сета ова опрема за своја лична безбедност, како и за безбедноста на другите учесници од групата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денот на независноста утре ќе се одбележи и во Куманово

 

 

КМ: Колку време траеше самото искачување?

Стефановски: Казбек е врв кој обично се качува за 4 дена. Првиот ден се тргнува од гратчето Степандцминда, кое се наоѓа во подножјето на самата планина, на 1700 м.н.в. и се качува до планинарскито дом Бетлеми на 3660м.н.в. Наредниот ден се прави аклиматизација до 4200 м.н.в. а ако има потреба, групата може да направи дополнително аклиматизација и третиот ден. Четвртиот ден обично е ден за врвот. Бидејќи ние имавме најава за лоша прогноза, не правевме аклиматизација, го качивме врвот уште вториот ден. Секако, имавме договор дека на еден од нас ако не му е добро или ако појави било какви симптоми на висинска болест, да се вратиме веднаш назад и да ја завршиме експедицијата во истиот ден.

 

Loading...

 

KM: Колку луѓе бевте во групата и дали имаше и други планинари од Македонија со тебе?

– Нашата група беше составена од осум планинари – двајца од Австрија, еден од Црна Гора, четворица од Србија и само јас бев од Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

 

 

Loading...

Досега имате искачено седум високогорски врвови. Дали Казбек можеме да го рангираме како еден од потешките врвови?

Стефановски: Казбек е врв што воопшто не е за потценување. Си бара одлична психо-физичка подготвеност, техничко знаење и воопшто не е врв за почетници во високогорството.

 

 

Loading...

KM: Кои врвови ги имате искачено досега?

Стефановски: Досега ги имам искачено следните врвови: Мон Блан (4810м.), Дамаванд (5610м.), Арарат (5137м.), Зумштајншпице (4563м.), Брајтхорн (4164м.), Гран Парадизо (4061м.), Колун Бастак (4137м.), и последниот – Казбек (5054м.). Секако, и доста врвови во Македонија и на Балканот, како што се Триглав, Дурмиот, Митикас и Стефани на планината Олимп, Мусала, Вихрен, многупати на Титов Врв, Кораб, Солунска Глава. Долга е листата на искачени врвови, со надеж дека ќе се проширува во иднина.

 

 

Loading...

KM: Што ќе им порачате на другите планинари, посебно на новите планинари и оние кои што се почетници?

Стефановски: Еден врв или една планина не може да се освои, туку може да се искачи само доколку планината го дозволува тоа. Треба секогаш да имаме стравопочит спрема планината и да ја почитуваме, затоа што планината секогаш го има последниот збор.

Никола Ивановски