БМВ се запалило во движење на „Сава Ковачевиќ“

Сподели со своите пријатели

Автомобил марка „БМВ“ бил опожарен откако додека возилото се движело по улицата „Сава Ковачевиќ“ избувнал пожар.

Loading...

– На 15.07.2025 во 14.10 часот во СВР Куманово, М.Ј.(30) од Куманово пријавил дека на улица „Сава Ковачевиќ“ во Куманово настанал пожар во неговото патничко моторно возило „бмв“ во движење, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници