Автомобил бил опожарен вчера на булеварот „Октомвриска револуција“ откако избувнал оган додека возилото било во движење.
Loading...
– На 03.07.2025 во 19.39 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Октомвриска Револуција“ во Куманово, настанал пожар во патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, во движење, сопственост на А.И.(34) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, петмина пожарникари со едно противпожарно возило учествувале во гаснењето во период од 19:30 до 19:50 часот.
Во инцидентот нема повредени лица, а увид бил извршен од удидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски