„БМВ“ се запали во движење пред ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Автомобил сопственост на дваест и тригодишен кумановец се запалило во движење на автопатот во близина на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 21.05.2025 во 23.10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот пред Граничен премин Табановце настанал пожар во патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки во движење, управувано од Д.П.(23) од Куманово, информирааат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека во интервенцијата во период од 22:47 до 23:50 часот интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец, украл пари од приватен имот

Никола Ивановски