БМВ ја заврши 2021 година како најголем светски производител на премиум автомобили.
БМВ и Мерцедес со децении се борат за тронот меѓу премиум производителите.
Ова натпреварување им е особено важно на американско тло, а минатата година титулата најпродаван премиум производител во САД му припадна на БМВ.
Во 2021 година Баварците ја завршија со 336.644 испорачани возила во таа земја, што е за 21% повеќе од 2020 година и приближно на ниво на резултатите од 2019 година.
Со оглед на тоа што Тесла е лидер во САД како премиум производител, оваа компанија се проби на втората позиција со 313.400 продадени автомобили на американскиот пазар.
Третата позиција ја зазеде јапонскиот Лексус, кој на клиентите во САД во 2021 година испорача 304.475 автомобили, додека Мерцедес беше само на четвртото место со 276.102 продадени возила.
Ауди е петти со испорачани 196.038 автомобили.
БМВ ја освои и титулата најпопуларен премиум производител на глобално ниво.
Во 2021 година, Баварците испорачаа рекордни 2,2 милиони возила на клиентите ширум светот.
Мерцедес е втор по глобална продажба со 2,05 милиони испораки, со пад од 5 отсто на годишно ниво.