Блумберг: Минатата година рекорден број воени вежби меѓу Русија и Кина

Сподели со своите пријатели

Минатата година Русија и Кина одржаа рекорден број заеднички вежби во изминатите 20 години, објави Блумберг, повикувајќи се на податоци од американскиот Универзитет за национална одбрана.

Loading...

Според овие податоци, минатата година руската и кинеската армија имале шест заеднички вежби, од кои пет се одржани по почетокот на војната во Украина во февруари, а „Блумберг“ наведува дека тие имаат политичко значење, пренесува Спутник.

Москва и Пекинг значително ја активираа воената соработка по анексијата на Крим кон Русија и санкциите што Западот ги воведе кон Москва.

Експертите тврдат дека од 2014 година армиите на двете земји имале 36 заеднички вежби, а во текот на последната деценија имало десет од нив.

САД очекуваат Русија и Кина да продолжат да го зголемуваат бројот на заеднички вежби во иднина и уште повеќе да соработуваат на воено поле.

Тие вежби ќе зачестат и ќе имаат поголема вредност како политички сигнал, изјави Ендрју Тефер, експерт од Националниот одбранбен универзитет на САД и посочи дека САД и нивните сојузници можат да ги оценат маневрите на Русија и Кина како неприфатливи, ако не и агресивен.

Министерството за одбрана на Кина во саботата објави дека вооружените сили на Русија и Кина наскоро ќе организираат вежби во Јапонското Море, со цел „зачувување на безбедноста на стратешките водни патишта“, објави РСЕ.

Датумот на вежбите не е наведен, но Министерството во Пекинг соопшти дека кинеската флота, составена од пет воени бродови и четири поморски хеликоптери, го напуштила источното пристаниште Кингдао и ќе се сретне со руските сили во „предодредена област“.

Loading...