Блокотехна повторно „клекна“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово го совладаа составот на Блокотехна во рамките на 9. коло од Суперлигата. Со резултат 89:83 двата клуба прикажаа вистинско кошаркарско шоу за љубителите на овој спорт.

 

Loading...

 

Куманово имаше одличен старт, во првата четвртина успеа да постигне 31 поен за разлика од 20 поени кои ги впиша гостинската екипа од Гевгелија.

 

 

Сепак Блокотехна не остави работите да течат така едноставно за домашниот состав. Се вратија во форма па ја добија втората четвртина со два поени повеќе. На полувреме Куманово замина со водство од 51:42 што влеа надеж кај публиката дека натпреварот веќе е решен.

 

Loading...

 

Но, тука беше составот од југот да не убеди во спротивното,   дека повторно нема предавање. И покрај желбата и трудот, сепак кумановци одржаа предност од 14 поени со која влегоа и во последните десет минути од натпреварот. Перфектна беше последната четвртина за гостинската екипа која уфрли 21 наспроти 13 поени на Куманово, но сепак не доволно за победа.

 

 

Желбата за победа кај составот на тренерот Александар Петровиќ беше повеќе од очигледна и покрај лошата ситуација во која се наоѓа клубот. Така можат да се пофалат дека се единствениот тим во македонската кошарка кои на последните натпревари ги имаат совладно првите три екипи од табелата.

 

 

Најефикасни во составот на Куманово беа Марјан Јанески со 24 поени, а веднаш зад него и Мирко Ковач со 17. Во составот на поразените со 16 најдобар беше Тејлор Боуен.

 

Loading...

 

До крајот на Суперлигата останува уште едно коло, во кое Куманово гостува кај Гостивар, натпревар кој нема да донесе промени на табелата. Местото во плејоф завршницата за кумановци е сигурна, а таму ги чека екипата на Работнички.

Leave a Reply