Блокирано производството на Нутела, работниците штрајкуваат

Сподели со своите пријатели

Производството во најголемата во светот фабрика за Нутела, на северот на Франција, е блокирано седум дена поради штрајк на работниците кои бараат повисоки плати, соопштуваат претставници на синдикатот.

Loading...

Пред седум дена 160 работници во тој регион на северот на Франција стапиле во штрајк, објави Фабрис Каншел од синдикатот.

– Ниту еден камион од тогаш не влегол во подрачјето на фабриката, ниту некој излегол, додал тој.

ИСТ КВАЛИТЕТ ЗА СИТЕ: И Германците ќе јадат полоша Нутела

Седум дена стои и производството на Киндер Буено, истакнува тој, а од четири производствени линии на Нутела работи само една, и тоа со петина од капацитетот.

Работниците бараат зголемување на платите за 4,5 отсто и бонус од 900 евра.

Управата понудила само 0,4 отсто поголеми плати.

Се сеќавате ли на најубавиот крем од времето на СФРЈ? (видео)

Loading...

Производството на Нутела во изминатите години беше одбележано со низа проблеми, делумно поради слабиот род на лешници во Турција, најголемиот светски извозник.

Image by Bruno Glätsch from Pixabay

Leave a Reply