На аеродромот „Никола Тесла“ во стоковниот дел, одвоената зграда низ која минуваат патниците, вечерва е пронајден пакет со сомнителна содржина, но нема никаква опасност.
Полицијата, веднаш по дојавата, пристигнала на местото на настанот, каде спцијалните тимови извршиле увид и утврдиле дека нема никаква опасност.
Како пренесуваат одредени белградски медиуми, пакетите чудно реагирале на скенерот, па за секој случај бил повикан антитерористичкиот тим на полицијата, кој констатирал дека се работи за ПВЦ столарија.