Земјоделка (20) во средата со трактор нападнала полицаец во Боблинген во близина на Штутгарт, пренесува Билд.
За време на протестот девојката сакала со тракторот да тргне кон собранието, но тој дел бил затворен за демонстрантите.
Полицаецот ја предупредил, но трактористката не послушала и почнала да го турка полицаецот со тракторот.
Таа го турнала неколку метри, а застанала дури кога на патот ѝ се попречило полициско возило.
Девојката е уапсена, но полицаецот не е повреден.
Во Германија, да потсетиме, има голем протест на земјоделците кои од понеделник го блокираа сообраќајот низ целата земја.
Тие се незадоволни од намалувањето на субвенциите за дизел гориво, а на протестот се приклучија и камионџиите.
Штрајкуваат и германските железници.