Блогерка година дена не ја измила косата, а еве како изгледа сега (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вирџинија Тап одлучила повеќе да не користи шампони и регенератори за коса и истата да ја мие само со вода.

Loading...

На својот блог најпрвин споделила фотографии од својата коса откако осум месеци не користела производи за нега.

https://www.instagram.com/p/BmKoTARHRCx/?utm_source=ig_embed

– Мојата коса тука не е измиена со шампон, регенератор, не е шишана и фарбана осум месеци и неверојатно добро се држи. Да бидам искрена, тие производи воопшто не ми недостасуваат. Една работа помалку која морам да ја направам во текот на денот. Некои луѓе зборуваат за транзицијата од преминување од шампон на обична вода, но знаете што ми се случи кога започнав да ја мијам косата само со вода? Ништо. Баш ништо цели шест месеци. Изгледа дека нема ништо на неа што обичната топла вода не би можела да го измие. По шест месеци заминав на пат со сестра ми и забележав дека не ми се масти како претходно, па темето го измив со сода бикарбона растопена во вода. Маснотијата исчезна, а јас косата не ја допрев до враќањето дома. Не велам дека сите можат така да се откажат од шампонот, знам дека постојат различни типови на коса. Но, кога ги миете природните масла од вашата коса, тоа само го потикнува нивното лачење. Шампоните содржат многу силни детергенти и емулгатори, напишала во објавата.

https://www.instagram.com/p/BmcMsWhHkIZ/?utm_source=ig_embed

По година дена, вели дека косата и е многу побујна.

– Заклучокот е, престанав да користам шампон и никој не умре. Косата не ми е масна и сува. Не мириса, но и не смрди. Мириса како обична коса, заклучува во својата објава на блогот.

Leave a Reply