Близу Санторини пронајден ковчег стар 3.600 години со непроценлива вредност

Сподели со своите пријатели

Археолозите во грчкото село Аркотири пронашле ковчег во кој се наоѓа мермерна фигура стара 3.600 години.

Имено, на истиот локалитет прес само неколку месеци пронајден е ковчег кој содржен неколку животниски рогови, а археолозите тврдат дека биле користени за лов.

Пронајдени скелети на праисториските Ромео и Јулија

Пронајдените мермерни предмети, се наоѓале во рамките на глинениот ковчег, а покрај мермерната фигура пронајдени се и неколку мермерни шишиња како и вазна од алабастер. Се верува дека ковчегот припаѓал на културата Теран која оваа подрачје го населувала пред 3.000 години.

За културата на народот Теран се знае многу малку со оглед на тоа дека немале било каква форма на писмо, поради што оваа откритие е од непроценлива вредност, затоа што може да пружи увид во обичаите и културата на овој народ. Научниците веруваат дека оваа култура исчезнала при вулканска ерупција, во 16. век пред новата ера.

 

 

Предметите се пронајдено во рушевини за кои се верува дека некогаш одамна преставувале јавна површина или јавен објект. Во шишињата кои се откриени под мермерната фигура, научниците пронашле глина, а со оглед дека целиот ковчег бил исполнет со мермерни предмети, се верува дека тие биле користени во рамките на некој религиозен ритуал.

– Овие остатоци се од големо значење за историјата на Грција, но и археологијата како наука, затоа што пружаат увид во она што досега не сме го знаеле за егејските култури, велат научниците.

Предметите ќе бидат изложени во рамките на постојаната поставка на Музејот на праисторијата во Санторини.

Leave a Reply