Сара Сарџент (18) и нејзиниот брат (20) никогаш не претпоставиле дека се близнаци бидејќи се родени со разлика од две години.
Меѓутоа, нивните родители им откриле пред две години дека се зачнати истиот ден со медицинско потпомогнато оплодување од истата серија на ембриони, но тие не биле всадени во исто време, туку едниот бил „чуван во замрзнувач“ 18 месеци.
Необичната приказна за Австралијката Сара собра повеќе од девет милиони прегледи на социјалната мрежа TikTok, пренесува Метро.
View this post on Instagram
„Моите родители имаа деца со ин витро оплодување. Мајка ми произведувала многу јајца во секој циклус на ин витро оплодување. Клиниката се обидела да ги оплоди сите јајца и тие биле релативно успешни. Ембрионите потоа се испитувале и се користеле двата најсилни прво. Еден од тие ембриони веднаш се всадил и се родил брат ми. Другите ембриони биле замрзнати. Јас бев еден од замрзнатите. Друг ембрион бил всаден околу 12 месеци по раѓањето на Вил, во јануари 2001 година, и така во октомври 2002 година родена сум јас“, објасни таа…
View this post on Instagram
Ако нејзиниот и ембрионот на Вил се оплодувале природно, додаде таа, тие би биле идентични близнаци.
„Татко ми ме возеше на училиште, и јас реков дека сум убедена дека сум посвоена затоа што изгледам и се однесувам поинаку од сите други во моето семејство, особено брат ми. Сепак, тој одговори: „Па, знам дека не си посвоена бидејќи Вил е твојот брат близнак”. Мислев дека се шегува затоа што е невозможно бидејќи сум две години помлада, но потоа ми ја објасни целата приказна”, открила таа.
@sar_sargemy parents “forgot to tell me” apparently♬ original sound – Alex & Maritza Barona