Близначки му поставиле ултиматум на младоженецот: Или и двете или ниту една!

Сподели со своите пријатели

Идентичните близначки Ана и Луси де Синк се познати како „најсличните близначки на светот“ и споделуваат сè, а неодамна во австралиското ТЛЦ шоу „Екстремни сестри“ открија дека двете очајно сакаат да стапат во брак со момче, но австралискиот закон не дозволува.

Loading...

– Од рана возраст, имаме договор дека ќе се омажиме за ист човек и дека и двете ќе имаме деца со него, се надевам во исто време – објасни Луси, која живее со нејзината идентична близначка Ана и нивното заедничко момче Бен Брн неколку години. И мајката на споменатите жени живее со нив.

 

 

 

– Споделувањето момче за нас значи дека ќе бидеме заедно засекогаш – додаде таа и објасни дека никогаш нема љубомора меѓу нив затоа што „кога Бен ќе ја бакне Ана, веднаш ќе ме бакне и мене“, рече Луси.

Сестрите кои живеат во Перт во Западна Австралија велат дека се запознале со автомеханичарот Бен уште во 2012 година, и двете веднаш се заљубиле.

Loading...

„Бевме искрени со него и му рековме дека може да нè има и двете или ниту една затоа што доаѓавме во пакет“, рече Луси, а Бен, се разбира, не се спротивставил.

– Бидејќи тој самиот има брат близнак, тој ја сфати нашата врска од самиот почеток – додаде сестрата, но тие сепак беа, вели тој, загрижени „дали ќе ги гледа како трофеј“.

 

 

 

Тие знаеја, додаде Ана, дека повеќето момци имаат „забавна“ врска со близначките, па мораа да се осигураат дека тоа не е случај со Бен.

Откако сите излегуваа заедно некое време, Бен го поминал нивниот тест и една година подоцна се преселил кај неговите две девојки и нивната мајка, пренесува „The Sun“.

Loading...

 

 

 

– Со нас се однесува точно исто. Ако ја бакне Ана, ме бакнува веднаш после тоа и нè држи за раце и двете кога сме надвор – објасни Луси, која вели дека сите тројца спијат во ист кревет, но и двете сепак имаат секс одделно со Бен .

Полигамијата беше забранета во Австралија со законот за брак во 1961 година, па сестрите сигурно ќе живеат во грев со Бен уште некое време.

 

 

Loading...

Leave a Reply