Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во петок ќе го посети Израел на средби со членовите на владата, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, пренесуваат агенциите.
Loading...
– Секретарот Блинкен во петок ќе отпатува за Израел на средби со членовите на израелската влада, а потоа ќе има и други постојки во регионот – рече Милер.
На почетокот на овој месец, Блинкен ги посети Израел, Јордан, Катар, Бахреин, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Египет.