Блинкен во Израел во обид да спречи ширење на војната

Сподели со своите пријатели

b

Loading...

Блинкен во понеделникот во градот Ал Ули во Саудиска Арабија се состана со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, како дел од турнејата на Блискиот Исток, чија цел е да се изгради консензус за иднината на Газа.

Тој рече дека клучните арапски земји и Турција се согласиле да започнат со планирање за обнова и управување со Газа откако ќе заврши војната на Израел против Хамас.

Блинкен, исто така, рече дека земјите се согласиле да го искористат своето влијание за да спречат ширење на војната во Газа во поголем конфликт на Блискиот Исток и негативни последици за меѓународната трговија и глобалната економија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нова книга открива како Бајден ја запрел украинската офанзива

Саудиска Арабија, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Турција се согласија да работат заедно и да ги „координираат напорите за да и се овозможи на Газа да се стабилизира и закрепне, да подготви политички пат за Палестинците и да работи кон долгорочен мир, безбедност и стабилност на регионот како целина“, рече американскиот државен секретар, но не прецизираше каков ќе биде нивниот индивидуален придонес.

Тој додаде дека Саудијците и другите арапски лидери се уште се заинтересирани за нормализирање на односите со Израел, но само врз основа на одржливо израелско-палестинско политичко решение.

За време на четвртата посета на Блискиот Исток за три месеци, Блинкен ќе се обиде да го убеди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, меѓу другото, да започне сериозни преговори за повоена Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на загинати во пожарот во Лос Анџелес се искачи на 25

Американскиот државен секретар додаде дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е фокусирана и на враќање на преостанатите американски и израелски заложници во Газа, пренесоа агенциите.

Loading...

САД го поддржуваа Израел од почетокот на војната против Хамас, но Нетанјаху го навлече гневот во Вашингтон со отфрлањето на секој детален јавен план за управување со Газа откако ќе заврши израелската воена офанзива, како и опцијата на САД за создавање единствена палестинска држава составена од Западниот Брег и појасот Газа.