Блинкен во Давос: Ситуацијата во Газа го „крши срцето“

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска на Светскиот економски форум во Давос го опиша конфликтот во Газа како „срцепарателен“ и додаде дека на Палестинците им е потребна држава „која на народот ќе му го дава она што тие го сакаат и ќе соработува со Израел за да биде ефективна“.

Loading...

Блинкен рече дека страдањето на мажите, жените и децата во Газа „му го скрши срцето“ и инсистираше на тоа дека САД вршат притисок врз Израел во однос на одговорностите на земјата, пишува Гардијан.

Најголемиот отров со кој се соочуваме ширум светот е дехуманизацијата, истакна шефот на американската дипломатија, односно „неможноста да се види човечноста кај другите“.

Треба да го отстраниме тој отров, вели Блинкен, што значи, вели тој, дека лидерите ширум светот кои го гледаат тоа мора да бидат подготвени да одговорат.

На прашањето дали разликата во страдањата на Палестинците и Израелците за време на конфликтот значи дека животите на Евреите се поважни од муслиманските и христијанските, американскиот државен секретар силно не се согласува.

„Не, точка“, кратко одговори Блинкен.