Блинкен се сретна со Руте во Брисел

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во седиштето на НАТО алијансата во Брисел, јавува Танјуг.

Loading...

Блинкен се очекува подоцна да се сретне со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибих, според распоредот обезбеден од Стејт департментот.

Тој денеска во Брисел ќе се сретне и со врховниот командант на сојузниците на НАТО за Европа, генерал Кристофер Каволи, со највисоките претставници на ЕУ и со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, пренесува Ројтерс.

Според најавите, Блинкен на средбите во Брисел ќе разговара за тоа како американските сојузници да преземат поголемо водство во поддршката на Украина, во време кога е неизвесна идната улога на Вашингтон под администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наведува агенцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блинкен: Учеството на Северна Кореја во украинскиот конфликт бара цврст одговор