Блинкен: САД паузира во обезбедувањето одредени програми за помош на Нигер

Сподели со своите пријатели

САД привремено суспендираат одредени програми за странска помош што ги користи владата на Нигер, но ќе продолжат да обезбедуваат хуманитарна и прехранбена помош, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Loading...

Блинкен во петокот рече дека американската помош за владата на Нигер зависи од демократското владеење и почитувањето на Уставот.

„Остануваме посветени на поддршката на народот на Нигер за да им помогнеме да ја зачуваат тешко стекнатата демократија и го повторуваме нашиот повик за итно обновување на демократски избраната влада на Нигер“, рече Блинкен, пренесе Ројтерс.

Нигер е клучен партнер на Вашингтон во борбата против исламистичките бунтовници кои убија илјадници луѓе и раселеа милиони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден ги повика Г20 да го поддржат Киев и да го „притиснат“ Хамас

Американскиот воен персонал ги обучуваше локалните сили за борба против милитантните групи.

Меѓутоа, воената хунта го собори демократски избраниот претседател на Нигер, Мохамед Базум и неговата влада на 26 јули, поради што министрите за одбрана на Западна Африка подготвија план за воена акција доколку до утре во Нигер не се врати демократската влада. пренесува Танјуг.